Студенти и млади уметници од Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) со хуманитарна акција ,, Од срце за Кочани”

Болката за Кочани која ја носи секој од нас овие дена, полесно се прифаќа доколку секој од ќе може барем на некаков начин да помогне на директно погодените

Студенти и млади дипломирани уметници при Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) – Скопје одлучија да отстапат за продажба  по едно нивно дело, со цел да се помогне на настраданите од Кочани.

„Болката за Кочани која ја носи секој од нас овие дена, полесно се прифаќа доколку секој од ќе може барем на некаков начин да помогне на директно погодените“, велат младите уметници, чии дела се објавени вчера и денес преку Инстаграм.


„Да покажеме дека хуманоста, уметноста и солидарноста не прават она што сме – луѓе. За сумата на делата, контактирајте го секој автор индивидуално. Ви благодариме!“, велат тековните и алумни студенти на ФЛУ.

Тие објаснуваат дека собраните средства од продажбата на делата ќе бидат директно донирани на јавно достапните донаторски сметки за помош на повредените во трагедијата во Кочани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни