Студенти и граѓани од Нови Сад денес оддадоа почит на жртвите кои загинаа на 1 ноември 2024 година, кога на нив падна бетонска надстрешница на Железничката станица во градот.
„Нови Сад памети. Но, Нови Сад не молчи и никогаш нема – додека одговорните за нивната смрт не бидат изведени пред правдата“, порачаа студентите и претставници на граѓанските здруженија.
Граѓаните за време на шестнаесетминутната тишина држеа во рацете хартија со имињата на загинатите.
„16 жртви, 14 месеци, нула одговорни“, пишуваше на еден од транспарентите.
Раскрсницата кај Железничката станица беше блокирана за сообраќај за време на оддавањето почит.
