Под влијание на релативно влажна и ладна воздушна маса од север, за време на викендот времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно студено.
Се очекуваат повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а на места врнежите ќе бидат поинтензивни. Повремено ќе дува засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.
Постои можност и за ретка појава на грмежи.
На планините над 1000 до 1100 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо и ветровито, со повремени послаби врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има снег.
Утринските температури ќе се движат од -2 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 5 до 16 степени, највисоки во југоисточните делови од земјата.
Во Скопје утринската температура ќе биде околу 3 степени, а дневната ќе се движи меѓу 10 и 14 степени.