Во текот на денешниот и утрешниот ден во Македонија ќе биде под влијание на ладна и претежно сува воздушна маса од север, што ќе донесе стабилно, но студено време.
Облачноста значително ќе се намали, а особено во Повардарието и југоисточните предели денес (среда) ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено и локално ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Во текот на денот температурите ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени, додека во Скопје и околината максималната температура ќе достигне околу 8 до 9 степени.
Утрото во четврток (19 февруари) ќе биде значително постудено, со појава на утрински мразеви во поголем дел од земјата. Поради целосното разведрување, минималните температури ќе се спуштат под нулата и ќе се движат во интервал од -9 до 2 степени.
Според најавите, во петок се очекуваат нови, пообилни врнежи од дожд и снег. Подетална метео-анализа за овој бран ќе следува во наредните прогнози.