Почнувајќи од четврток, територијата на Македонија влегува во нов, многу поладен и влажен период поради продор на студен воздух од север. Во овие услови, врнежите од дожд кои се очекуваат деновиве постепено ќе се претворат во снег, најпрво на повисоките населени места и планини, а потоа и во градовите.
Прогноза по региони:
Во западна Македонија сеочекуваат повеќе врнежи со снежна покривка на планините и повисоките населени места од над 20-30 см. Во градовите снежната покривка ќе достигне 5-10 см, локално и над 15 см. Во Пелагонија снежна покривка од 2-5 см, додека пак во источните и североисточни предели се очекуваат 5-10 см снег. Централни и југосточни предели ќе бидат значителна снежна покривка.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од западен, северозападен и потоа северен правец. Температурите нагло ќе опаднат, што ќе создаде услови за голомразица од четврток (8 Јануари).
