Во Скопје, на 29 и30 ноември во Base42 ќе се одржи локалното издание на меѓународниот Strip Trip Festival, познат како маратон во 24-часовно цртање стрипови. Настанот ќе го поврзе регионалниот стрип-сектор, кој паралелно ќе се одржува во повеќе градови низ Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора.
На маратонoт учесниците, од аматери до професионални автори, ќе имаат 24 часа да создадат целосен стрип, со техника и должина по сопствен избор. Настанот се очекува да привлече љубители на стрипот и креативци кои сакаат да се приклучат на ова големо уметничко искуство.
Визуелниот идентитет за годинашното издание е создаден од Сара и Силва Дервановиќ од Црна Гора, додека регистрацијата за учество на настанот е отворена до 27 ноември 2025 година.
Настанот ќе трае од 29 ноември (сабота) во 12:00 до 30 ноември (недела) во 12:00 часот, а организаторите најавуваат дека учесниците можат да очекуваат многу креативно дружење, инспирација и работа под притисок на рокови.
Локацијата на фестивалот е Base42 (42.mk), а за повеќе информации и пријавување може да се посетат официјалната веб-страница на Strip Trip Festival.
Медиумски партнери и поддржувачи на настанот се Младински културен центар, Стрип книжарница Бункер, Макстрипови, Strip Kvadrat, comics.mk, Paragons Comics и Дебели Гикови.
