На 6 мај во Нетавил, со почеток од 18ч, се организира настан за загревање пред единствениот стрип фестивал во Скопје!
,,Ќе се запознаете со Симон Калајџиев и Белкис Аксу кои ќе ги претстават своите дела како и инспирациите што стојат зад нив! Ќе присуствувате на цртачка џем сесија со дел од најактуелните автори во македонскиот стрип! Ќе споделиме и дел од содржините што ги подготвуваме за главниот настан на Стрип Трип што ќе се одржи од 6 до 8 јуни во Младинскиот Културен Центар во Скопје! Тоа не е сè… очекувајте и низа помали и поголеми изненадувања” велат од Стрит Трип.