Постојано слушаме дека секој еден од нас треба на начинот на кој може да придонесе во општеството лицата со попречености да не се почувствуваат ниту на момент дека се дискриминирани. За жал, и во 21 век можеме да забележиме дискриминација токму врз лицата со телесен инвалидитет.
Овие пет стрип суперхерои со посебни потреби прикажуваат дека лицата со посебни потреби без разлика на околностите не смеат да се чувствуваат помалку вредни од останатите. Иако се работи за ликови кои со години се присутни на ТВ екраните и филмското платно голема е веројатноста дека малкумина ја знаат нивната приказна.
Мадам Веб (Касандра Веб) се појави во стриповите за Спајдермен во осумдесетите. Прикажана е како постара слепа жена со мијастенија гравис, автоимуна болест на мускулите и нервите. Поради својата состојба, поврзана е со систем за поддршка налик на пајакова мрежа. Никогаш активно не учествува во борбата против негативците, туку ги користи своите предвидувачки способности, способноста за телепортирање и патување низ времето, како и својствата на медиумот.
Ехо е една од ретките суперхероини со целосно оштетување на слухот. Првпат се појави во 1999 година. Прикажана е како северноамериканска Индијанка со бел отпечаток на рака на лицето (нејзиниот татко ja допрел по лицето со крвава рака пред да умре и белегот останал). Во детството ја сметале за девојче со ментална попреченост, па затоа била испратена во специјално училиште, каде ги откриле нејзините моќи. Ехо е инзвонредна атлетичарка која совршено знае да ги копира движењата на другите луѓе, има акробатски способности и е експерт за боречки вештини. Свири на клавир.
Силует Корд се појави во деведесеттите години на минатиот век. Има способност да се стопи со која било сенка или мрачна површина. Може да се телепортира користејќи сенка како врата. Каде и да има сенка, Силует Корд отвора мала врата и, пружaјќи ги патериците низ неа, може да ги нападне далечните непријатели. Во патериците има вградено оружје кое испраќа електрични шокови, парализирачки хемикалии, димни гасови, куршуми и други видови оружја кои ги користи согласно со потребата.
Дестини (Ајрин Адлер) креирана е во осумдесеттите години на минатиот век, a позната e како противничка на X-Men. Таа е претставена како слепа жена со пророчки способности. Напишала 13 тома пророштва за една година. После тој подвиг ослепува и ја прогонуваат вознемирувачки слики со нејасно значење. Нејзината мисија е зацртана: да ги дешифрира сопствените пророштва и да го спречи исполнувањето на најстрашните. Како оружје користи самострел.
Барбара Гордон (Batgirl) станува корисник на инвалидска количка откако беше застрелана во ‘рбетот, како одмазда кон нејзиниот татко, со што нејзината улога на суперхероина е сведена на машка сопственост. Сепак, нејзиниот лик беше пример за многу жени со стекната попреченост.
Извор: portaloinvalidnosti.net