Браќа пронашле стрип од 1939 година на таванот: На аукција добија поприлично пари

На таванот од семејната куќа тројца браќа пронашле стрип од 1939 година што им за што добиле големо богатство, дури 8 милиони долари

Тројца браќа од Калифорнија при чистење на таванот од семејната куќа по смртта на нивната мајка, освен стари кутии и спомени пронајдоа, скриен стрип за Супермен од 1939 година, во совршена состојба. Овој стрип им го промени животот бидејќи беше продаден за речиси осум милиони евра и постави нов светски рекорд.

Оваа неверојатна приказна со денови ги интригира колекционерите и љубителите на поп-културата, а аукциската куќа Херитиџ го опишува овој примерок како „олицетворение на колекционерска вредност“.

Рекордна цена

Наследството на мајката се претвори во неочекуван извор на богатство: првото издание на Супермен од 1939 година беше продадено на аукција во Њујорк за неверојатни 9,12 милиони долари, односно 7,98 милиони евра. Никогаш порано не е платена поголема сума за еден стрип.

Досега, рекордот го држеше првото издание на „Action Comics“ од 1938 година, кое беше продадено за околу 7 милиони долари (6,08 милиони евра). Новиот рекордер го надмина за повеќе од два милиони долари.

Заборавено во кутија со години

Како што пишува „Њујорк тајмс“, оваа исклучително вредна копија лежеше целосно заборавена со децении – во обична картонска кутија на таванот на семејна куќа во Калифорнија. Тројцата браќа, кои го чистеа просторот по смртта на нивната мајка, знаеја дека таа собира стрипови, но никогаш не ја виделе нејзината колекција. Немаа поим дека меѓу старите работи има вистински колекционерски скапоцен камен.

Стрипот беше предадена на аукциската куќа „Херитиџ“, каде што, според соопштението, експертите беа буквално шокирани од неговата состојба. „Херитиџ“ рече: „Овој примерок се смета за олицетворение на колекционерската вредност“.

Тие исто така изјавија дека ова е највисоко оценет, нереставриран примерок на Супермен што некогаш го понудиле. Затоа лицитирањето беше исклучително интензивно, а аукцијата, која беше емитувана во живо на интернет, привлече колекционери од целиот свет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни