Стрип албум – Кое е твоето чудо!?

Во оваа публикација се прикажани стрипови кои беа дел од изложбата „Од уметност кон родова еднаквост“. Во книгата се претставени 19 инспиративни дела од 19 авторки и автори, кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и поеднаков свет. 

Оваа публикација е дел од кампањата Биди чудо од девојка, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежа Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. 

Главната цел на проектот е да ги поддржи и охрабри девојките и младите жени да станат поактивни учесници во општеството, со што ќе се создадат еднакви можности и во јавниот и приватниот сектор. Проектот обезбедува кариерно советување, практикантство, менторство, како и поддршка на различни иницијативи ширум земјата. 

Жири комисијата издвои четири стрип авторки и соодветно ги награди. 

Жири комисијата беше во следниот состав: Два члена од тимот на НМСМ и Стела: Оливер Андреевски и Теодора Милеска, потоа Mike Mclester кој што е Британски професор по англиски и цртач на стрипови, и на крај Нада Прља која е професионална уметница од 1998 година и универзитетска предавачка од областа на уметноста. Наградите беа доделени на следните учесници: 

– Прво место: Магдалена Марјановиќ и Душица Димитровска

– Второ место: Ангела Петрушевска 

– Трето место: Јана Марковиќ 

– Специјална награда од жири комисијата: Аника Божиновска 

Извор: Окно.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни