Стравичен судир на Мото ГП при брзина од над 230 км/ч

Ѕвездата на Мото ГП, Марко Безеки е однесен во болница откако при брзина од над 230 километри на час се судри со Маверик Вињалес за време на спринт трката во Австралија.
Фото: Мото ГП пренос

Вињалес го престигна Безеки за петтото место, но тој се удри во задниот дел од моторот на на Вињалес при првиот свиок со 230 км/ч.

Двајцата возачи потоа излетаа од патеката на песокта по стравичниот судир.

Коментаторите се исплашија од удирот и рекоа дека тоа е тешко за гледање, а Безеки беше однесен од патеката на носилки.

Како што известија од Мото ГП, возачот немал скршеници, но бил однесен во болница за да може да биде целосно прегледан.

На трката победи Шпанецот Хорхе Мартин, со што го зголеми своето водство во шампионатот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни