Стратешкиот форум во Блед ги собира претставниците на ЕУ и регионот: Фокусот е на Западен Балкан и европската безбедносна политика

На вториот ден од Стратешкиот форум во Блед, се панел дискусии на теми за европската безбедносна политика, воведувањето на вештачка интелигенција во Западен Балкан и дипломатски прашања поврзани со водните ресурси.

„Стратешкиот форум во Блед“ (BSF) кој се одржува во Словенија, вчера започна со панел-дискусија за перспективите на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Освен политичките претставници на земјите од регионот, во Словенија се присутни и претставници на институциите на ЕУ, а нивното учество го потврди и комесарката за проширување Марта Кос.

„За мене е посебна чест да учествувам на 20-от Стратешки форум во Блед, оваа година за прв пат како комесар за проширување. Особено сум благодарна што Форумот ја нагласува важноста на проширувањето на ЕУ“, рече таа во објава на X платформата.

Освен Кос, меѓу учесниците на форумот се и Тања Фајон, министерка за надворешна и европска политика на Словенија, Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Ален Берсе, генерален секретар на Советот на Европа, како и политички претставници на земјите од регионот.

Денеска во текот на вториот ден од форумот на Блед, ќе се одржат неколку панел дискусии на теми кои се движат од европската безбедносна политика до воведувањето на вештачка интелигенција кај младите луѓе во Западен Балкан и дипломатски прашања поврзани со водните ресурси.

Дискусиите ќе се фокусираат на улогата на Европа во оваа нова глобална средина, а високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, ќе ја претстави стратешката визија на ЕУ за дејствување во услови на глобална нестабилност, објави словенечката новинска агенција СТА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни