Страшно невреме во САД, расте бројот на загинати и исчезнати

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, изјави дека стотици луѓе, заглавени во поплавите и мораат да бидат итно спасени

Најмалку девет лица загинаа во последното невреме што ги погоди САД. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, изјави дека стотици луѓе, заглавени во поплавите и мораат да бидат итно спасени.

Бешир рекол дека многу смртни случаи, вклучувајќи ја мајката и седумгодишното дете, се предизвикани поради тоа што автомобите се заглавени во водата.


Во исто време, на северот на САД е многу студено, со температури до -45 степени Целзиусови, а издадени се предупредувања за торнада за делови од Џорџија и Флорида.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни