Стигнува анимиран спин-оф на „Stranger Things“: Што знаеме за новата серија?

Netflix најави анимиран спин-оф на Stranger Things кој пристигнува на 23 април со нова приказна од Хокинс.

„Stranger Things“ добива анимиран спин-оф кој пристигнува на крајот на месецот, отворајќи ново поглавје од светот на Хокинс.

По огромниот успех на серијата Stranger Things, платформата Netflix најави нов анимиран спин-оф со наслов „Stranger Things: Tales From ‘85“, кој ќе излезе на 23 април.

Новата серија е сместена помеѓу втората и третата сезона и ги следи познатите ликови во период кога изгледа дека опасностите од Наопакиот свет се зад нив.

Дејството се одвива во зимата 1985 година, кога градот Хокинс повторно се соочува со нова, непозната закана.

Иако хероите – Eleven, Mike, Will, Dustin, Lucas и Max – се обидуваат да водат нормален живот, мистериозно зло повторно се појавува и ги принудува да се соочат со нова опасност.

Серијата ја развиваат браќата Matt Duffer и Ross Duffer, кои веќе потврдија дека ќе продолжат да го прошируваат универзумот на „Stranger Things“ со нови приказни.

За разлика од оригиналната серија, овојпат нема да се вратат познатите актери, туку ликовите ќе ги толкува нова гласовна екипа.

Иако финалето на петтата сезона предизвика поделени реакции, интересот за светот на Хокинс останува силен, а новиот проект има за цел да ја задржи таа публика.

Со ова, „Stranger Things“ продолжува да се развива како еден од најуспешните научно-фантастични франшизи на современата телевизија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни