Стојанче Ангелов на чело на Дирекцијата за заштита и спасување

Владата го именува Стојанче Ангелов, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), за нов раководител на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Тој ќе го замени Џеват Селами од коалицијата „Вреди“, кој во моментов се наоѓа во домашен притвор како дел од истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 62 лица.

Од ЦУК за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека Ангелов ќе ја преземе новата функција во наредниот период.

Според најавите, на чело на ЦУК ќе биде поставено ново лице од редовите на коалицијата „Вреди“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни