Стотројка претставува: Концерт на Sophia Djebel Rose (Франција)

Концертот е дел од серијалот Нова пролет, со кој Канал 103 одбележува 34 години постоење.

Во сабота, на 17 мај во 21 часот во Ла Кања ќе се одржи настанот „Поезијата има смисла само кога се живее.“

Саботна вечер исполнета со езотеричен сјај и темна убавина. Во рамки на нејзината обемна европска турнеја, Sophia Djebel Rose ќе ја донесе својата магична, интимна и бунтовна музика во Скопје. Нејзиниот звук ги сублимира традициите на француската шансона и мрачната фолк атмосферичност преку авангардна слобода на израз – тоа се песни што ја евоцираат моќта на шумите, водите, годишните времиња, смртта, љубовта и бунтот. Со новиот албум Sécheresse, Sophia Djebel Rose нè води на музичко патување кое е воздушесто и длабоко, кревко и сурово. Нејзиното творештво е плод на живот во постојано движење – отфрлање на удобноста како потрага по поетска вистина. Низ нејзината музика одекнуваат  духот и силата на  икони како Catherine Ribeiro, Buffy Sainte Marie, PJ Harvey, Nico, Emma Ruth Rundle, Marissa Nadler – жени кои секогаш ги рушеле границите меѓу жанровите.

Упатените музички хроничари ја паметат и по работата во  дуото An Eagle in your Mind, со кое во 2018 година настапи во скопскиот планетариум како и во глувата соба на Канал 103.

Концертот е дел од серијалот Нова пролет, со кој Канал 103 одбележува 34 години постоење.

Дизајн на Тања Вукобрат

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни