Стотка за Скопско!

Забавата започна со Битолски камерен оркестар, продолжи со магијата на музиката на Фолтин и хитовите на Ареа. Посебна енергија донесоа Нокаут по кои настапи неповторливата Каролина,а потоа и Влатко Стефановски Трио. За крај настапија Кирил Џајковски, Страјк и Диџеј Гоце

Вчера во Градскиот парк во Скопје, „Скопско“ го прослави 100 тиот роденден. На големата бина во преполниот Градски парк во друштво со најголемите ѕвезди од домашната музичка сцена, се славеше роденденот на настарото пиво во земјава.

Забавата започна со Битолски Камерен Оркестар, продолжи со магијата на музиката на Фолтин и хитовите на Ареа. Посебна енергија на сцената и во Градискиот парк донесоа Нокаут, по кои настапи неповторливата Каролина, а по неа и Влатко Стефановски Трио. За крај публиката ја забавуваа Страјк и Диџеј Гоце, а забавата заврши со настап на Кирил Џајковски.

Скопско и овој пат ги обедини генерациите со добра музика и одлична забава. Со моменти кои ќе се паметат. Роденеденска забава достојна за стотиот роденден на која уживаа сите кои вчера беа во парк.

Скопско е повеќе од пиво, тој е потсетник на убавите моменти, на среќа и славење на животот и на неговата убава страна.

Со желби за уште повеќе среќни и радосни моменти, вчера „Скопско“ ја прослави големата „стотка“ и зачекори во следните 100 години забава, убава енергија и моменти кои ќе се паметат.

Уште еднаш, среќен роденеден Скопско!

Фотогалерија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни