„Стоп за фемицидот“ – одржан протестен марш во Мостар

„Молчењето не е опција. Насилството не може и не смее да се игнорира“, беше повторено за време на протестот

Денеска напладне во Мостар се одржа протестен марш во знак на револт по убиството на Алдина Јахиќ која беше убиена од нејзиниот поранешен партнер.

Организаторите на маршот порачаа дека овој фемицид не смее да помине без целосна правна и институционална одговорност. „Молчењето не е опција. Насилството не може и не смее да се игнорира“, беше повторено за време на протестот.

Невладините организации собрани во „Мостарската мрежа“ остро го осудија злосторството, барајќи најстрога казна за сторителот и детално испитување на сите околности на случајот. Тие особено ја нагласија потребата од утврдување на евентуални пропусти на институциите или поединците кои имале обврска да реагираат.

Исто така, беше истакнато дека насилството може да ѝ се случи на секоја жена – пријателка, сестра, ќерка, соседка или случаен минувач – поради што, велат организаторите, е важно јавноста да инсистира на одговорност, а граѓаните да пријавуваат секаков облик на насилство.

Искрено сочувство беше упатено до семејството на жртвата, со повик до заедницата да се обедини во борбата против насилството врз жените.

Во неделата вечерта, 32-годишната Алдина Јахиќ беше застрелана во Мостар од нејзиниот поранешен партнер Анис Калајџиќ . Бруталното убиство се случило додека таа одела на тренинг. Таа се обидела да избега од автобуската станица и се засолнила во тоалетот на блискиот ресторан, од каде што успеала да повика полиција. За жал, убиецот ја стигнал и ја убил пред да пристигне помошта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни