Стоматолог ги предупредува луѓето да не пијат кафе наутро пред да ги измијат забите, а еве и зошто

Британскиот стоматолог, д-р Даз Синг, открил дека најлошото нешто што можете да го направите наутро е да пиете кафе пред да ги измиете забите. Тој истакнува дека редовното консумирање кафе пред оралната хигиена може да предизвика разни проблеми со забите. Како еден од проблемите ги посочува обезбојувањето на забите, лошиот здив и зголемувањето на бактериите предизвикани од недоволната орална хигиена.

Може да предизвика дамки на забите
Стоматологот објаснува дека пиењето кафе пред четкање на забите може да придонесе за промена на бојата на забите. Причината за тоа е што пигментот од кафето се инфилтрира во структурата на емајлот и предизвикува промена на бојата со текот на времето. Ова долгорочно дејство може да доведе до оштетување на забната глеѓ.

Оваа практика може да доведе до раст на бактерии во устата
Пиењето кафе пред четкање на забите наутро може да го поттикне растот на бактериите во устата, благодарение на околината создадена од бактериите кои веќе се присутни во устата, во комбинација со хранливите материи во кафето. „Богатиот нутритивен состав на кафето, вклучувајќи шеќери и протеини, служи како супстрат за бактерискиот метаболизам, промовирајќи го биофилмот и формирањето на плаки“, објаснува д-р Синг.

Покрај тоа, редовната и долготрајна навика да пиете кафе пред да ги четкате забите може негативно да влијае на вашиот здив. Според д-р Синг, може да се појави проблем познат како халитоза, кој е предизвикан од комбинација на фактори поврзани со составот на кафето и оралниот микробиом. Тој истакнува дека кафето, благодарение на богатите ароматични соединенија, може само привремено да ги маскира непријатните мириси, но не може да ги реши основните причини за лошиот здив.

За да се избегне ова, д-р Синг препорачува одржување на редовни практики за орална хигиена, вклучувајќи ефективно четкање на забите и чистење на јазикот, за оптимална хигиена и орална свежина.

Извор: HuffPost

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни