Во среда, 29 мај, точно на пладне во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи свеченото доделување на наградата „Златен објектив“ на големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов.
Ова признание Попов го добива за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија – како филмски автор, продуцент, сценарист и професор, влијателен и конструктивен во градењето на културните политики за развој на домашниот филм