Стојче Цветановски утре ќе настапи во култниот Berghain во Берлин

Македонскиот техно диџеј и продуцент ќе биде дел од „Klubnacht“ вечерта на еден од најпознатите клубови во светот

Утре, 20.12.2025, македонскиот диџеј Стојче Цветановски, познат во електронската сцена едноставно како Stojche (Tangible Assets), е дел од Klubnacht програмата во легендарниот Berghain во Берлин. Настапот е заказан на главната подијум-сцена на клубот заедно со интернационални имиња како Beatrice, Chami B2B Olivia Mendez, Dustin Zahn, Mareena и Measure Divide, што го прави сетот дел од врвните берлински техно настани.

Kултот Berghain

Berghain е еден од најпознатите ноќни клубови во светот, прославен по својот моќен звучен систем, строга политика на влез и поддршка на автентичната техно култура. Од отворањето во 2004 година, клубот во поранешна електрана во источен Берлин стана симбол на глобалната андеграунд електронска сцена, каде што многу од најголемите техно артисти ја пишуваат својата историја.

Стојче Цветановски е македонски диџеј и продуцент роден во Скопје, кој со години гради меѓународна кариера на андеграунд техно сцената. Го основа и го води својот лейбл Tangible Assets, а неговите изданија се појавуваат на реномирани техно платформи и лејблови ширум Европа. Својата музичка палета ја гради со инспирација од детроитски и дуб техно звучни пораки, а неговите DJ-сетови се познати по динамичните и емоционални патувања на танц-подот.

Toj e уметник кој е инспириран од локалната сцена во Скопје – неговото родно место, кое често се опишува како водечки хаб за Детроитското техно на Балканскиот полуостров. Ширењето на техно звуците во македонската престолнина и неговата манија за винилни плочи го поттикнале Стојче да го истражи својот пат и да навлезе подлабоко во овој футуристички музички феномен. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни