Судењето за Тафталиџе на 30 март – Стојанче пред судијата кој судеше за убиството на Вања и Панче

Над десет пријави, две осудувања, пропусти во социјалната служба – системот знаеше за Стојанче и не реагираше

На 30 март пред Кривичниот суд во Скопје започнува судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март скокна од шести кат заедно со шестгодишната ќерка Катја. Предметот ќе го води судијата Ивица Стефановски – истиот кој судеше во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Обвинението: насилство кое кулминирало во трагедија

Обвинителството тврди дека Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз сопругата – тепана, навредувана и понижувана во домот и на јавни места, пред сведоци, со закани дека ќе биде избркана и дека ќе и биде одземено детето.

„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки”, наведуваат од Обвинителството.

Системот знаеше

Против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно се водела истрага и за трговија со дрога, а двапати бил осудуван – вклучително и за напад врз полициски службеник. По трагедијата, инспекциски служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.

Бројките зад случајот

Податоците на МВР покажуваат дека само во периодот од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени 207 кривични пријави, одреден притвор во 14 случаи и евидентирани 602 поплаки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни