Стоби – Модерни технологии за нови културни приказни

Работилници за дигитално раскажување и мапирање на публика. Ко-креација на кратки дигитални содржини со цел збогатување на посетителското искуство. Јавна презентација и наградување на најиновативните и најинклузивните идеи.

Археолошкиот локалитет Стоби оваа недела е домаќин на уникатен настан кој ги поврзува културното наследство и современата технологија преку DIGI Heritage Hub 2025 во организација на Центарот за социјални иновации Блинк 42-21. Настанот обединува млади професионалци и студенти од 7 европски земји од областа на археологијата, историјата, музеологијата, анимацијата, дизајнот и дигиталните технологии. Во текот на шестдневната програма тие ќе истражуваат како новите технологии можат да го претворат Стоби во живо културно искуство, инспирирано од минатото, но претставено преку алатки на иднината.

Преку предавања, интерактивни работилници и креативни сесии, учесниците развиваат дигитални приказни инспирирани од Стоби. Посебен акцент е ставен на примената на виртуелна и проширена реалност, генеративна вештачка интелигенција и интерактивни медиуми односно технологии што овозможуваат културното наследство да добие нов, привлечен и современ израз.

Програмата предвидува:

Работилници за дигитално раскажување и мапирање на публика. Ко-креација на кратки дигитални содржини со цел збогатување на посетителското искуство. Јавна презентација и наградување на најиновативните и најинклузивните идеи.

Менторите, етаблирани професионалци од регионот обезбедуваат стручна поддршка и насоки, создавајќи услови за учесниците да експериментираат со нови наративи и да ја градат идната европска практика за дигитална промоција на културното наследство.

DIGI Heritage Hub е иницијатива на организацијата Blink 42-21, во партнерство со Националната установа Стоби, со поддршка од УНЕСКО и Европската Унија.

Оваа иницијатива им овозможува на креативците од Европа да ја пренесат својата визија и знаење, создавајќи современ културен бренд за Стоби и за регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни