Легендарниот англиски фудбалер и долгогодишен член на Ливерпул, Стивен Џерар, овој месец стана дедо на
Стивен Џерард ја прифати својата нова улога, откривајќи дека бил на „должност како дедо“ пренесува Ливерпул Ехо.
Легендата на Ливерпул стана дедо овој месец кога неговата најстара ќерка, Лили Џерард, роди девојче по име Лила Греј.
Лили Џерард го доби своето прво дете со долгогодишниот партнер, Ли Бирн. 21-годишната девојка ја објави убавата вест претходно овој месец кога сподели фотографија од Ли како го носи бебето додека семејството ја напушташе болницата.
Стивен Џерард и неговата сопруга, Алекс, им дале на сите свои деца имиња што почнуваат на Л. Покрај Лили, тие двајце се горди родители на Лекси, Лурдес и Лио.
Сега, со раѓањето на внуката продолжува трендот на имиња што почнуваат на Л во семејството Џерард.