Стив Џобс ќе добие сопствена паричка од еден долар во 2026 година

Американската ковачница на пари потврди дека Стив Џобс, визионерскиот коосновач на Apple, ќе биде овековечен на пригодна паричка од еден американски долар, која ќе биде издадена во 2026 година. Ова признание е дел од програмата „American Innovation“ и оддава чест на технолошкото влијание на родната држава на Џобс — Калифорнија, дополнително зацврстувајќи го неговото наследство како човек кој длабоко ја промени глобалната технологија и култура, пренесува Hypebeast.

Промислен дизајн како посвета

Дизајнот на паричката е внимателно осмислен како посвета на филозофијата на Џобс. Таа го прикажува младиот Стив Џобс како седи прекрстени нозе, со ридовите на Северна Калифорнија и дабовите шуми во позадина.

„Неговата поза и изразот на лицето, фатени во момент на размислување, покажуваат како токму оваа околина ја инспирирала неговата визија да ја претвори сложената технологија во нешто интуитивно и природно, како самата природа“, наведоа од Американската ковачница на пари.

Сцената е мирна и без какви било корпоративни симболи, симболизирајќи ја неговата стремеж кон создавање на едноставна и интуитивна технологија. На паричката е врежан и неговиот познат цитат:

„MAKE SOMETHING WONDERFUL“ („Создади нешто прекрасно“),

заедно со ознака дека ја претставува Калифорнија како центар на иновации.

Колекционерско издание

Стив Џобс, чие дело ја револуционизираше личната компјутерска технологија (Macintosh, Apple II) и музичката индустрија (iPod, iPhone), со ова се приклучува на ценета група историски личности.

Паричките од програмата „American Innovation“ за 2026 година ќе ја истакнат и други значајни технолошки достигнувања, како што се суперкомпјутерот Cray-1 и развојот на мобилно ладење.

Овие ограничени изданија нема да бидат во општа циркулација, туку ќе можат да се купат исклучиво преку официјалната веб-страница на Американската ковачница, по цена од 13,25 американски долари по парче. Се очекува да станат многу барани колекционерски предмети меѓу љубителите на технологијата и нумизматичарите.

Стив Џобс почина на 5 октомври 2011 година, во Пало Алто, Калифорнија, на 56-годишна возраст. Причината за смртта беше компликација од редок облик на рак на панкреасот (невроендокрин тумор), со кој се бореше од 2003 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни