Откако времето само накратко се стабилизираше, над Балканскиот полусотров повторно следува нова дестабилизација. Станува збор за формирање циклон над Италија, Јадранот и Хрватска. Тој ќе остане над нашето подрачје неколку дена и ќе донесе многу дожд.
Во петок над Балсканот се очекува облачно, многу постудено и ветровито. Дождот кон вечерните часови ќе преминува во дожд со снег и снег, не само во планинските подрачја, туку и во одделни низини, особено западните. Сабота ќе биде најстуден ден со поголема веројатност за снег.
Прв снег во Белград би можел да се појави веќе оваа сабота. Снежните врнежи во српската престолнина се очекуваат во сабота во претпладневните часови. Но снег ќе има и во други делови од Србија – во Шумадија, западна Србија и Војводина.
Границата на снежните врнежи ќе биде до Нови Сад, а и таму се очекува снег.
