Стефанија Несторовска Алкалајех: Здравата исхрана е повеќе од тренд

Healthyish започна како идеја уште пред неколку години, пред официјално да се реализира. Јас веќе бев многу понавлезена во овој начин на живот, го започнав својот блог, а Стефан беше менаџер на дискотеки. Природно, нашите патишта се споија. Јас го развивав креативниот дел, додека тој се занимаваше со логистиката. Healthyish е многу промислен проект, не е ништо преку ноќ

Здравата исхрана не треба да биде краткотраен тренд, туку начин на живот што обезбедува долгорочно благосостојба. Трендовите доаѓаат и си одат, но навиките што ги негуваме со години ја обликуваат нашата енергија, здравје и целокупно чувство на баланс. Клучот е во доследноста, не совршенството. Не е потребно секој оброк да биде идеален, но е важно да постои континуитет во изборот на хранливи и квалитетни продукти. Со време, здравата исхрана станува природен дел од нашето секојдневие, а не нешто што следиме привремено. Грижата за себе е процес, а не моментална одлука. Кога храната ја гледаме како поддршка за нашето тело и ум, таа станува избор, а не обврска. Затоа, најважно е да се развијат навики што ќе траат, бидејќи здравиот начин на живот не се постигнува за една ноќ, туку се гради со секој мал, свесен чекор.

За здравата храна и начинот на живот како избор а не тренд, зборувавме со Стефанија Несторовска Алкалајех, косопственичка на Healthyish и блогека која секојдневно споделува како да живееме здраво.

„Почнав од чиста љубопитност и поголема самодоверба што ми фалеше во тој период од животот.“ – раскажува Стефанија за своите први чекори кон здравиот начин на живот, кој спонтано прераснал во долгорочна посветеност. Пред дванаесет-тринаесет години, самодовербата ѝ била ниска, а желбата да ја подобри ја навела да истражува нови навики. Појавата на Инстаграм дополнително го засилила нејзиниот интерес, овозможувајќи ѝ да следи луѓе со сличен пристап.

Денес, како мајка на две деца, од кои едното е новороденче, Стефанија вели дека динамиката ѝ се променила, но принципите останале.

-Гледам да одвојам еден час во денот за вежбање… но не успевам сè – вели Стефанија.

Таа со искреност признава дека не е возможно секогаш да се одржи идеален баланс, но важно е да се продолжи, дури и кога некој тренинг или оброк ќе биде пропуштен.

-Следниот ден се собираме и почнуваме одново- вели таа.

На прашањето што ја мотивира, Стефанија потенцира дека мотивацијата доаѓа и си оди, но дисциплината е она што ја одржува. Тоа ме тера да отидам на тренинг, да направам добар оброк.“ Со годините научила дека не треба да се потпира исклучиво на моментална инспирација, туку на изградени навики.

Како настана Healthyish?

-Healthyish започна како идеја уште пред неколку години, пред официјално да се реализира. Јас веќе бев многу понавлезена во овој начин на живот, го започнав својот блог, а Стефан беше менаџер на дискотеки. Природно, нашите патишта се споија. Јас го развивав креативниот дел, додека тој се занимаваше со логистиката. Healthyish е многу промислен проект, не е ништо преку ноќ. Откако ја изградивме визијата, пристапивме систематски кон реализацијата – раскажува Стефанија за Трн.

Ја прашавме кој совет би им го дала на почетниците? Оние кои ги прават првите чекори кон здравите навики?

„Да не се откажуваат.“ Иако звучи клише, Стефанија инсистира дека континуитетот носи вистински резултати. „Некогаш ќе бидеш сто посто, некогаш осумдесет, некогаш педесет. Но ако не се откажеш, тогаш ќе ги видиш промените.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни