Стејт Департментот го извести американскиот Конгрес: Се распушта USAID!

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, истакна дека исправната надворешна помош може да ги унапреди националните интереси на САД, да ги заштити границите и да ги зајакне партнерствата со клучните сојузници, но дека USAID „за жал одамна се оддалечи од својата мисија“, објавено е на веб-сајтот на Стејт департментот.


Стејт Департментот официјално го извести Конгресот на Соединетите Американски Држави дека ја распушта Агенцијата за меѓународен развој (USAID) и дека некои од функциите на USAID ќе бидат преземени под нејзина контрола, јавува Си-Ен-Ен (CNN).

Реорганизацијата на USAID ќе се заврши до 1. јули, објави Стејт департментот, со што беше определена судбината на агенцијата која се бореше против сиромаштијата и беше позната ширум светот.


Американскиот државен секретар, Марко Рубио, истакна дека исправната надворешна помош може да ги унапреди националните интереси на САД, да ги заштити границите и да ги зајакне партнерствата со клучните сојузници, но дека USAID „за жал одамна се оддалечи од својата мисија“, објавено е на веб-сајтот на Стејт департментот.

„Како резултат на тоа, добивките биле премали, а трошоците премногу високи. Благодарение на претседателот Трамп, тој погрешен и фискално неодговорен период сега е завршен“, нагласи Рубио.

Тој најави дека програмите за помош на странските држави ќе бидат пренасочени за да се усогласат директно со она што е најдобро за САД и нејзините граѓани.

Администрацијата на Доналд Трамп ја обвини USAID за лошо управување со парите на даночните обврзници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни