Ставена во функција „кабината за самоубиство“ во Швајцарија, уапсени неколку лица

Полицијата во Швајцарија уапси неколку лица откако беше пронајдено телото на жената која го завршила својот живот користејќи таканаречена кабина за самоубиство од контроверзната компанија Сарко.
Фото: Ratel, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Полицијата во северниот кантон Шафхаузен, кој граничи со Германија, соопшти дека таканаречената кабина „Сарко“ била пронајдена во шума во општината Мерсхаузен на 23 септември.

Обвинителите во Шафхаузен отвориле кривична постапка против неколку лица за „наведување, помагање и поттикнување на самоубиство“, се вели во полициското соопштение, во кое се додава дека неколку лица се приведени, без да се наведат детали за нив или за починатата.

Портпаролот на групата The Last Resort, која стои зад контроверзниот уред, изјави дека починатата е 64-годишна Американка која боледувала од сериозно ослабен имунолошки систем.

Д-р Флоријан Виле, копретседател на Last Resort, беше меѓу четворицата приведени, заедно со холандски новинар и двајца швајцарски државјани, рече портпаролот. Виле била единствената присутна кога жената ставила крај на животот, се додава во соопштението.

Во некои околности, потпомогнатото умирање (евтаназија) е регулирано со закон во Швајцарија, но кабините произведени од компанијата Сарко предизвикаа значително медиумско внимание и дискусија меѓу властите за тоа дали нивната употреба треба да се дозволи.

Швајцарската министерка за здравство Елизабет Боем-Шнајдер по немилиот инцидент изјави дека капсулата не ги задоволува законските прописи за безбедност на производите и дека употребата на азот не е во согласност со законот.

Инаку,„Тhe Last Resort“ уште во јули објавија дека нивниот уред за прв пат ќе се користи оваа година. Поддржувачите велат дека капсулата дозволува евтаназијата да се изврши без лекови или медицинска помош и го проширува пристапот до евтаназија бидејќи пренослив уред отпечатен со три-де технологија може да се состави дома.

И покрај тоа што Швајцарија има некои од најзаштитните закони за евтаназија во светот, критичарите на уредите сметаат дека модерниот дизајн на уредот е речиси самоубиствен, а загрижува фактот што може да се ракува без медицински надзор.

Потпомогнатото умирање е нелегално во повеќето други европски земји, но затоа илјадници луѓе патуваа во Швајцарија во последниве години за да стават крај на својот живот.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни