Квалитетот на перниците е многу важен за нашето здравје, а статистиката покажува дека една третина од светската популација ги пере само еднаш годишно. Во едно истражување, 40 отсто од испитаниците признале дека никогаш не ги перат перниците, а многу од нив тврделе дека ги имаат истите перници уште од времето кога биле деца.
Експертите препорачуваат перниците да ги перете барем на секои два до четири месеци и да ги менувате кога веќе нема да имаат правилен облик.
Како да знаеме кога е време да ги фрлиме старите и да купиме нови перници?
Една тиктокерка покажа како се тестираат перниците. Каролина ја преклопува перницата и ја држи со рацете најмалку 30 секунди, а потоа пушта и гледа колку време е потребно за да се врати во првобитната форма.
Ако перницата брзо се врати и ја врати својата првобитна форма, уште е добра за користење. Доколку нема голем отпор и не се врати во првобитната форма, време е да ја смените.
Извор: e-klinika.rs