„Стасај ме ако можеш“ – објавена нова книга на Васил Мукаетов

Според Китаноски, основна карактеристика на поезијата на Мукаетов, вклучително и во книгата „Стасај ме ако можеш“ е непоредноста што ја воспоставува низ метафорите со своите читатели – децата, благиот хумор и шармантноста на лексичкиот, односно поетски јазик, толку потребен за сегашните деца.

Книгоиздавателството „Панили“ ја објави новата книга од еден од најактивните и најподуктивните македонски поети за деца изминативе години, Васил Мукаетов, насловена „Стасај ме ако можеш“.

И во оваа книга, Васил Мукаетов го задржува својот стил – авторски и содржински, пишувајќи за богатиот свет на современото дете. Содржината ја карактеризираат пет циклуси „Од час во час се нешто ново околу нас“. „Врв си е врв, гледај да си дома прв“. „Лево-десно. Со децата се е лесно. „Татковината е вековина, татковината е траење, татковината се чува со разум и знаење.“ „На крајот-нешто ќе сториме за да се одмориме.“ Но, тие се читаат и како компонирана целина, то е воопшто и карактеристика на книгите на Мукаетов, коишто не се само збир на поетски текстови, туку секогаш се целина со концепт и со внатрешна архитектоника на делото.

– Треба да се посочи дека македонската литература за деца, во својот досегашен развој беше исклучително исполнета со рурална поезија и проза, која во сегашните услови на развојот на општеството и технологијата изгледа, за жал, застарена и стереотипна. Оттука, појавата на поетот за деца Васил Мукаетов и неговите дваесетина по многу нешта значајни книги, само ме уверува дека тој е авторот што го следи современото дете, со вистински очи и како рамноправен соговорник ја продолжува играта како слобода, а слободата ја поистоветува со постоењето на својот читател-детето. Едноставно, овој македонски поет за деца, се осмели, и со содржината на ракописот ја прошири границиата на поетските теми, суверено и доминантно внесувајќи го семејството како дел од севкупната психологија на постоењето на сите нас и на децата, притоа откривајќи нови поетски простори и елементи, нагласува во рецензијата писателот, публицист и новинар, Мишо Китаноски.

Според Китаноски, основна карактеристика на поезијата на Мукаетов, вклучително и во книгата „Стасај ме ако можеш“ е непоредноста што ја воспоставува низ метафорите со своите читатели – децата, благиот хумор и шармантноста на лексичкиот, односно поетски јазик, толку потребен за сегашните деца.

– Кога кон ова ќе се додаде поетското откривање, воспевање на скриените нешта на семејството во градот, при тоа нудејќи му на читателот оригинален поетски приод и глас и станувајќи рамноправен соговорник кој низ стих ги принесува неговите чувства, тогаш имаме право да заклучиме дека пред нас е една оригинална поетска книга што ја збогатува македонската издавачка продукција, истакнува Китаноски.

Книгоиздавателството „Панили“ сѐ повеќе се посветува на книжевноста за деца, поставувајќи ја и како еден од своите приоритети и објавувајќи и нови дела од македонските автори, а со тоа и придонесувајќи за квалитетот на книжевната продукција што им се овозможува на читателите-деца од Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни