Стартува националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“

Националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“ официјално започнува денеска, на Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца. По повод стартот, во „Europe House“ ќе се одржи промотивен настан.

Акцијата се реализира во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, во партнерство со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител и со поддршка од Бирото за развој на образованието.

Кампањата, спроведена со дозвола од Советот на Европа, има за цел да ја подигне јавната свест, да ги охрабри децата да проговорат и да им даде на возрасните знаења и алатки за препознавање, превенција и заштита од сексуално насилство.

На настанот ќе бидат презентирани едукативни видеа, печатени материјали и постери адаптирани на локалниот контекст, наменети за деца, родители, старатели, наставници и професионалци што работат со деца. Материјалите ќе се дистрибуираат во училиштата, градинките и јавните институции низ целата држава, а ќе бидат достапни и во дигитална форма.

Своја порака ќе упатат: Марција Палота од Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, Илбер Руфати – заменик-народен правобранител, Душан Томшиќ – претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, и Барбара Лигл – раководителка на компонентата за фундаментални и човекови права во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Извор: Независен

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни