Старшип експлодираше при враќање на Земјата

Иако горниот степен на ракетата успеа да стигне во вселената – што не беше случај при претходните два пробни лета – леталото експлодираше при повторното влегување во Земјината атмосфера.

Технолошкиот милијардер Илон Маск во вторникот се соочи со нова пречка во развојот на системот Старшип, најголемиот ракетен систем во историјата на вселенските истражувања, откако деветтиот пробен лет не заврши како што беше планирано.

Иако горниот степен на ракетата успеа да стигне во вселената – што не беше случај при претходните два пробни лета – леталото експлодираше при повторното влегување во Земјината атмосфера.

„Како да не беше доволно возбудлив пробниот лет, Старшип доживеа брзо и непланирано распаѓање,“ соопшти компанијата на Маск, SpaceX, на социјалната мрежа X.

„Тимовите ќе продолжат со анализа на податоците и ќе работат на следниот пробен лет.“

Во текот на овој лет требаше да бидат распоредени и сателити, што не се случи.

Маск, основачот на SpaceX, и покрај сè, го опиша летот како „голем напредок во споредба со претходниот лет!“ и додаде дека имаат „многу добри податоци за анализа“.

Тој рече дека следните три пробни лета треба да се одвиваат едно по друго во интервал од три до четири недели.

Системот Старшип првпат беше тестиран во април 2023 година, кога целосно експлодираше само неколку минути по полетувањето.

Американската вселенска агенција НАСА планира да го користи Старшип за испраќање на астронаути на Месечината, додека SpaceX има амбиција во иднина да стигне и до Марс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни