Стармер укина царини на 89 производи за да го ублажи притисокот врз британските компании

Суспензијата на царините за низа производи – од батерии за електрични возила до сируп од агава – ќе биде на сила до јули 2027 година.

Британскиот премиер Кир Стармер денеска укина царини на 89 производи со цел да го ублажи притисокот врз британските компании погодени од трговската војна со Вашингтон.

Суспензијата на царините за низа производи – од батерии за електрични возила до сируп од агава – ќе биде на сила до јули 2027 година.

Овој потег е дел од пошироки напори за заштита на британските фирми од царините воведени од претседателот на САД, Доналд Трамп, и вклучува зголемување на државните заеми за компаниите, објави „Телеграф“.

Извор: ТАНЈУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни