Стармер го отпушти британскиот амбасадор во САД поради поврзаност со Џефри Епстајн

Британскиот премиер Кир Стармер го разреши амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, објави денеска заменик министерот за надворешни работи, Стивен Доушти, пренесува CNN.

Манделсон се соочуваше со сè поголем јавен притисок откако американски конгресмени објавија т.н. „роденденска книга“, која содржела писмо од Манделсон во кое му изразува поддршка на Епстајн, нарекувајќи го „свој најдобар пријател“.

Скандалот дополнително се продлабочи откако Bloomberg објави голем број мејлови што Манделсон му ги испраќал на Епстајн, изразувајќи емотивна поддршка и понуда да зборува со политички контакти за неговиот случај од 2008 година.

„Мислам сè најдобро за тебе и се чувствувам беспомошно и бесно поради тоа што ти се случува“, му напишал Манделсон во еден од мејловите.

Министерот Доушти пред парламентот изјави дека новите докази покажуваат дека „длабочината и обемот“ на односот меѓу Манделсон и Епстајн биле значително поголеми од она што било познато во моментот на неговото именување.

Овој скандал претставува нов политички удар за премиерот Стармер, кој веќе се соочува со критики и притисоци. Многумина прашуваат зошто го именувал Манделсон, иако неговата поврзаност со Епстајн била добро документирана и позната уште од порано.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни