Американската компанија Старбакс денеска соопшти дека затвора стотици продавници во САД, Канада и Европа, како и дека отпушта 900 вработени надвор од малопродажбата.
Гигантот за продажба на кафе од Сиетл истакна дека затворањето на продавниците ќе почне веднаш, а поголемиот дел од своите ресурси ќе ги насочи кон реструктурирање на бизнисот.
Старбакс наведува дека на отпуштените работници ќе им бидат понудени отпремнини и преместување на други локации каде што тоа е можно.