Остар пад на продажбата на GUCCI – не престанува да тоне: Бизнисот на брендот е на нестабилни нозе!

Француската модна групација „Керинг“, сопственик на брендот „Гучи“, денес објави дека во првиот квартал од 2025 година нејзините приходи се намалиле за 14 проценти на годишно ниво на 3,9 милијарди евра.

Приходите од брендот „Гучи“, кои сочинуваат речиси половина од вкупните приходи на „Керинг“, се намалија за 24 проценти на 1,57 милијарди евра во истиот период.

Главниот финансиски директор на „Керинг“, Армел Пулу, објави дека падот на продажбата на годишно ниво во вториот квартал од 2025 година ќе биде „двоцифрен“, така што стабилизацијата на работењето што ја објави компанијата во моментов не е на повидок.

Групата, предводена од извршниот директор Франсоа-Анри Пино, сè уште не презентирала јасна стратегија за новите американски царини, но вели дека може да „ги заштити своите маржи со зголемување на цените“.

„Керинг“ го назначи Демно Гвасалија за нов уметнички директор на „Гучи“ минатиот месец за да внесе нов импулс, но акциите паднаа во тој момент бидејќи инвеститорите се загрижени за контроверзноста околу претходната работа на Гвасалија во рекламната кампања на „Баленсијага“ за 2022 година.

Аналитичарите предупредуваат дека економското забавување би можело да ја намали побарувачката за луксузни стоки во светот, објавија медиумите.

„Послабите глобални пазари на акции и пошироката економска неизвесност ќе влијаат врз довербата и гледаме дека ова дополнително го одложува закрепнувањето на побарувачката за луксузни производи“, напиша главниот аналитичар на „Дојче банк“ за малопродажба и луксузни акции, Адам Кокрејн, претходно овој месец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни