Стапката на заразени со ХМПВ во северна Кина опаѓа

Во северна Кина, стапката на заразени со човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) се намалува, изјави денеска Ванг Липинг, од кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

„ХМПВ не е нов вирус и е присутен кај луѓето најмалку неколку децении“, рече таа на прес-конференција на кинеската Национална здравствена комисија.

Според неа, зголемувањето на бројот на заболени од вирусот е последица на подобри методи за откривање.

„Во моментов, стапката на позитивни случаи во северните провинции се намалува и стапката на позитивни случаи кај пациенти под 14 години почна да опаѓа“, рече Ванг Липинг, кој е истражувач во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

ХМПВ предизвикува симптоми на грип или настинка, вклучувајќи треска и кашлица. Симптомите честопати исчезнуваат сами по себе, иако може да предизвикаат инфекции на долниот респираторен тракт кај децата, постарите лица и луѓето со ослабен имунолошки систем.

Експертите велат дека за разлика од КОВИД-19, ХМПВ постои со години и има одреден имунитет кон него. Повеќето деца се заразуваат со овој вирус пред да наполнат пет години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни