Стапија на сила американските санкции за НИС

Потегот на САД доаѓа откако Вашингтон најави санкции уште во јануари поради мнозинското сопствеништво на НИС од страна на Русија

Денеска стапија на сила санкциите на Министерството за финансии на САД против Српската нафтена индустрија (НИС).

Санкциите доаѓаат по неколку месечно одложување, а стапија на сила утрово во шест часот наутро.

Потегот на САД доаѓа откако Вашингтон најави санкции уште во јануари поради мнозинското сопствеништво на НИС од страна на Русија, со цел да им наштети на компаниите што ја финансираат војната во Украина.

НИС е клучна компанија за снабдување на граѓаните на Србија со нафтени деривати, но и една од најважните за бруто домашниот производ и државниот буџет.

„Во моментов се обезбедени доволни залихи на нафта за преработка, додека бензинските пумпи се соодветно снабдувани со сите видови нафтени производи“, објави НИС откако стапија во сила американските санкции.

Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не воведе никакви санкции врз Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година и е постојано под притисок од Европската унија да се усогласи со надворешната политика на Брисел.

Досега, српските власти решително ги отфрлаа сите идеи за воведување санкции врз Русија.

Американските санкции против НИС се најстрогата казна за Србија за нејзината соработка со Русите досега. 

Што значи тоа за српската држава и економија?

Kако резултат на санкциите, „банките ќе мора веднаш да ги запрат сите трансакции со НИС“ за да избегнат да се сметаат за соработка со санкционираниот субјект, објави Данас изјава на професорот по економија Горан Радосављевиќ дадена за АФП.

„Што се однесува до големопродажбата, протокот на плаќања во динари е исто така обезбеден без пречки, а НИС останува сигурен партнер“, објасни НИС.
„Во случај странските платежни картички (Mastercard, Visa) да престанат да функционираат, плаќањето на бензинските пумпи ќе биде можно со домашната картичка „Дина“, готовина, како и со методот „IPS покажи“.

Според најновите достапни податоци, Газпром њефт поседува 45 проценти од НИС.

Матичната компанија „Газпром“ неодамна префрли 11 проценти на компанија од Санкт Петербург наречена „Интелиџенс“. Државата Србија поседува речиси 30 проценти од „НИС“, а остатокот го поседуваат малцинските акционери.

Србија, исто така, останува зависна од рускиот гас, кој покрива повеќе од 90 проценти од нејзините потреби. Договорот за снабдување потпишан во пролетта 2022 година со Москва е пред истекување, а во моментов се преговара за нов договор. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни