Стануваат ли младите поконзервативни? Односнот кон сексот и врските вели да

Ново истражување спроведено од „Тајмс“ покажа дека младите имаат поконзервативен однос кон сексот и врските во споредба со претходните генерации.

Студијата, која опфати повеќе од 1.000 учесници на возраст од 18 до 27 години, покажа дека само една петтина од генерацијата З (родена помеѓу 1997 и 2012 година) го сметаат бракот за „неважен“, додека една третина од испитаниците веруваат дека двојките треба да се венчаат пред да имаат деца.

Резултатите покажуваат дека младите денес се повеќе склони кон брак отколку пред 20 години, кога 39 отсто од испитаниците во тоа време сметале дека бракот е неважен.

Промена на ставовите кон сексот без обврски

Истражувањето укажало и на промена во односот на младите кон сексот без обврски. Само 23 проценти од испитаниците на возраст од 18 до 27 години рекле дека нивните пријатели редовно имаат партнери за една ноќ – значителен пад од 78 проценти од милениумците кои го кажале истото во 2004 година.

Сличен тренд е забележан и кога станува збор за незаштитен секс надвор од долготрајните врски – 16 отсто од учесниците во истражувањето изјавиле дека понекогаш имаат секс без кондом, додека пред 20 години дури 52 отсто од милениумците го правеле тоа.

Кога станува збор за консумирање порнографски содржини, 40 отсто од членовите на генерацијата З веруваат дека нивните пријатели често гледаат порнографија, додека пред 20 години овој удел меѓу милениумците бил 58 отсто.

Полиберални ставови за правата на трансродовите лица

Иако се поконзервативни кога се во прашање сексот и врските, генерацијата З покажува попрогресивен однос кон правата на трансродовите лица во споредба со претходните генерации. Повеќе од половина од испитаниците (56 проценти) веруваат дека трансродовите жени треба да имаат право да користат женски тоалети, додека 47 проценти веруваат дека треба да им се дозволи пристап до болничките одделенија само за жени.

Повеќе од 60 отсто од испитаниците веруваат дека училиштата треба да им дозволат на децата да го користат своето име и заменки и да носат облека во согласност со родовиот идентитет со кој се идентификуваат. Дополнително, 53 отсто од испитаниците не веруваат дека проширувањето на правата на трансродовите лица може да ги загрози правата на жените.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни