Станков: Приоритет е завршување на обдукциите и идентификацијата на жртвите од пожарот во Кочани

Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, изјави за МИА дека приоритет за нив е завршувањето на обдукциите и процесот на идентификација на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тој нагласи дека идентификацијата на телата не се врши само со обдукција, туку и со ДНК анализи, што се два паралелни процеса. Според него, веќе се собрани ДНК материјали за споредба од роднините на настраданите и се очекува брзо завршување на овие активности. Иако не може точно да се предвиди времето на завршување, процесот се одвива со планирано темпо, со цел да се овозможи роднините да ги подигнат телата на своите најблиски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни