„Станбен бум во Македонија: Над 1.000 нови станови од октомври до декември, најскап квадрат во Центар за 3.000 евра

Во последниот квартал на 2025 година во Македонија се изградени 1.004 нови станови, најмногу продадени во Аеродром, а најскап квадратен метар изнесува околу 3.000 евра во Центар, со раст на цените од 25% на годишно ниво

Од октомври до декември 2025 година, во Македонија се изградени и регистрирани 1.004 нови станови, што е за 159 повеќе од претходниот квартал, покажува извештајот на Регистарот на цени и закупнини. Во Агенцијата за катастар се запишани и 27.522 листови за предбележување градба, што укажува на дополнителни објекти кои наскоро ќе се најдат на пазарот.

Најголема продажна цена на стан по метар квадратен е 182.404 денари (околу 3.000 евра) за стан од 83 м² во општина Центар. Најмногу станови се продадени во Аеродром (304), додека најмногу куќи се продадени во Битола (91). Продажбата на деловни простории е најзастапена во Центар (31 продажба), земјоделско земјиште и шуми во Куманово (110), а градежно земјиште во Ѓорче Петров (43).

Во четвртиот квартал се евидентирани 9.283 трансакции со недвижности, од кои 6.230 купопродажби (вклучувајќи продажби од инвеститори, држава и лицитации) и 3.053 закупи. Најмногу трансакции се регистрирани во Центар (812), Аеродром (645) и Штип (634). Најмалку трансакции имало во општините Пласница, Центар Жупа и Вевчани (4–5 трансакции).

Според Народната банка, цените на недвижностите во четвртиот квартал 2025 година бележат раст од 25% на годишно ниво, додека податоците на ДЗС покажуваат дека во ноември се издадени 304 одобренија за градење за изградба на 761 стан, најмногу во Скопскиот регион (427).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни