Вијугастиот стаклен мост Рјуи во долината Шенсианџу, во кинеската провинција Џеџијанг, стана вистинска сензација на социјалните мрежи. Поради необичниот дизајн, многумина помислија дека станува збор за дигитална креација или производ на вештачка интелигенција, но мостот е целосно реален и веќе привлекува огромен број посетители.
Откако беше отворен за јавноста во септември 2020 година, мостот го посетија стотици илјади туристи. Иако за многумина изгледа како да се појавил преку ноќ, неговата изградба започнала уште во 2017 година. Долг е околу 100 метри и се издига на максимална висина од 140 метри над долината, што му дава впечатлив и драматичен изглед.
Највисокиот дел од мостот е висок лак до чиј врв водат скали, а името и формата ги добил според традиционалното кинеско жезло „руји“, симбол на моќ и среќа во кинеската култура. Необичната метална конструкција ја проектирал архитектот Хе Јунчанг, познат и по дизајнот на Националниот стадион во Пекинг, популарно наречен „Птичјо гнездо“, изграден за Олимписките игри во 2008 година.
