Министерот за здравство најави дополнителни токсиколошки анализи за повредените, а специјалистите предупредуваат дека текот на лекувањето може да биде долг и сложен.
Иако бројот на критично повредени се намалува, лекарите се воздржани во прогнозите. Според пластичните хирурзи, реална проценка за исходот кај пациентите со тешки изгореници ќе биде возможна по седмиот ден од третманот.
„Се уште е рано за точни прогнози, бидејќи заздравувањето зависи од возраста, претходни заболувања и самиот организам,“ вели проф. д-р Боро Џонов од Аџибадем Систина.
Во меѓувреме, 30 пациенти се на лекување во Србија, 15 во Бугарија, 12 во Грција, 9 во Турција, а останатите се распоредени во болници низ Европа, вклучувајќи Австрија, Италија, Полска и Шведска. Судбината на многумина од нив останува неизвесна.