Според искуството на Сју Фогвел, стјуардеса со дури 22 години искуство, популарниот коктел „Крвавата Мери“ е можеби најлошата идеја и избор доколку сте во авион.
Нејзиното предупредување е изненадување за многумина, со оглед на тоа што докажано е дека сокот од домати има подобар вкус кога сте високо во воздух, пишува британски Дејли Мејл. Тоа е затоа што воздушниот притисок влијае на патниците така што тие чувствуваат потреба за нешто кисело и солено, а сокот од домати ги исполнува двата услови.
Сепак, искусната стујардеса вели дека поради високото ниво на сол избегнува вакви пијалоци бидејќи комбинацијата брзо го дехидрира патникот, особено ако летот е долг. Истиот ефект го има и вотката, која е состојка на тој пијалок.
Стјуардесата исто така ги предупредува патниците да се држат подалеку од „вода од чешма“ бидејќи и таа никогаш не ја пие, како и чај и кафе, кои се прават од таа вода.
Таа вели дека го прави тоа затоа што таквата вода доаѓа од авионски танкер за вода.