ССМ: „Паднаа маските“ – Владата не дојде на потпишување, минималецот и платите не ѝ се приоритет

Прашањето што останува отворено е дали Владата ќе се врати на преговарачката маса или ќе дозволи синдикалниот револт да прерасне во пошироко социјално незадоволство. За работниците, пораката е јасна: трпението е при крај, а минималната плата одамна не е социјална мерка, туку тест за односот на државата кон трудот.

Иако беше најавено официјално потпишување на спогодба за зголемување на минималната плата на 600 евра нето, со примена од февруарската исплата, утринава во 9 часот во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не се појави ниту еден претставник на Владата.

Отсуството на владината делегација, без претходно објаснување, дополнително ги заостри односите со синдикатите и ја отвори дилемата дали ветувањата за раст на платите повторно ќе останат само на хартија.

Денеска, паднаа маските, се вели во соопштението на ССМ, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови за да створат сомнеж кај работниците, денеска не дојде како што го поканивме, денеска тие имаа други приоритети, а се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати ниту зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати – истакна Претседателот Трендафилов.

Добро е што претставникот на Владата по големиот работнички протест го прифати предлогот на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството, а требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор.

Се потврди дека само зборуваат, а не делуваат, денеска требаше да ги зголемат и платите на вработените во управата за 40 %, но не се појавија на потпишувањето на спогодбата и на колективните договори, бегаат од одговорноста, како што бегаат цела 2025 година.

Дополнително, работниците во јавниот сектор треба да знаат дека барањето за укинување на одредбите од Општиот колективен договор во делот за пресметка на плата (просечна плата по коефициент за сложеност) иста како на функционерите, значи намалување односно откажување од работничките плати за x(12,6%) + y(9,2%) = z(21,8%) за 130.000 работници во јавниот сектор или во парички, да им земат 3 парички на работниците, а да им дадат 1 паричка што е недозволиво.

Минималната плата од 600 евра нето е клучно барање на синдикатите во последните месеци, во услови на континуирана инфлација, раст на цените на храната, енергенсите и кириите. Од ССМ посочуваат дека актуелната минимална плата не обезбедува ни основно достоинствено живеење, а работниците се принудени да преживуваат, а не да живеат од својот труд.

Поради тоа, синдикатите веќе започнаа серија протести и предупредувачки штрајкови, кои, како што најавуваат, ќе се интензивираат доколку Владата продолжи да ја одолговлекува одлуката. Следните чекори, според ССМ, вклучуваат масовен протест пред Владата, блокади и можно проширување на штрајковите во јавниот и приватниот сектор.

Во јавноста, отсуството на Владата од денешниот состанок се толкува како уште еден пример на декларативна поддршка за работниците, без реална политичка волја за конкретни решенија. Критичарите укажуваат дека социјалниот дијалог не може да функционира ако едната страна систематски избегнува одговорност, особено кога станува збор за егзистенцијални прашања.

Од друга страна, молкот на институциите остава простор за сомнеж дека финансиските и буџетските аргументи повторно ќе бидат искористени како изговор за пролонгирање на мерката. Но синдикатите предупредуваат дека цената на таквиот пристап ќе биде политичка и општествена нестабилност.

Прашањето што останува отворено е дали Владата ќе се врати на преговарачката маса или ќе дозволи синдикалниот револт да прерасне во пошироко социјално незадоволство. За работниците, пораката е јасна: трпението е при крај, а минималната плата одамна не е социјална мерка, туку тест за односот на државата кон трудот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни