Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денес во Скопје на новиот протестза повисоки плати порача: „Не ви се плашиме. Без работници нема држава, а нема ниту власт“.
Протестот започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата. Барање се исти -минималната плата да се зголеми на 600 евра и линеарно зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари. Според податоците на Управата за јавни приходи, на кои се повикува синдикатот, околу 160.000 работници примаат плата под прагот на сиромаштија-
-Денес огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закакануват. Затоа што ги уценуваат по губење на нивните работни места по распоредување и губење на нивната плата. Но без оглед на тоа- Не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме и дека 21 човек на улица вршат работа да прават нервоза кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денес им покажуваме дека можеме и највеќе затоа што без работници нема држава, а нема ниту власт. Продолжуваме пред Собраненито, пред газдите, пред Стопанската комора и завршуваме пред Владата- Слободан Трандафилов од ССМ.



Зошто 1.667 денари не се доволни
ССМ го отфрла законското усогласување од 1.667 денари со конкретен аргумент: само во последните два месеца вредноста на синдикалната минимална кошница пораснала за 2.000 денари – усогласувањето не го покрива ни растот на трошоците за живот.
Актуелната минимална плата изнесува приближно 397 евра, додека синдикалната потрошувачка кошница за јануари надминала 66.000 денари. Со законското решение минималната плата ќе изнесува околу 26.000 денари – најнизок минималец во регионот, освен Косово.
Владата „гледа“ политичка пресметка
Премиерот Мицкоски, еден ден пред протестот, изјави дека секој има право да протестира, но смета дека целта на синдикатот е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците. Мицкоски ги обвини дел од синдикалните лидери за политичка манипулација, тврдејќи дека барањата треба да се решаваат преку дијалог меѓу работниците и работодавачите, а не преку притисок врз Владата.
Трендафилов возврати дека „Власта се обиде да спинува дека ќе ги намали функционерските плати, но реалноста е дека за еден час изменија шест закони со кои си ги бетонираа нивните високи плати”.
По протестот, ССМ останува на најавата за 24-часовен генерален штрајк кој овој пат ќе го опфати и приватниот сектор.