Срушен нов рекорд: Човекот никогаш не бил подалеку од Земјата, историски момент во мисијата Artemis II

Астронаутите од мисијата Artemis II поставија нов светски рекорд за најголема оддалеченост од Земјата и испратија најдалечна електронска порака во историјата на човештвото.

Четворица астронаути од мисијата Artemis II влегоа во историјата откако официјално станаа луѓето кои биле најдалеку од Земјата досега, надминувајќи го рекордот поставен од мисијата Apollo 13 во 1970 година. Во 13:57 часот по американско време, екипажот составен од Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен достигна оддалеченост од над 400.000 километри од Земјата, со што беше срушен повеќе од 56 години стар рекорд.

Покрај овој историски момент, NASA постави и нов технолошки рекорд – испрати електронска порака до екипажот која помина најголема дистанца досега во историјата на човечката комуникација. За време на мисијата, астронаутите добија и симболична порака од покојниот астронаут Џим Ловел, кој им порача да уживаат во погледот и да го ценат историскиот момент.

Леталото Orion моментално орбитира околу Месечината како дел од првиот пробен лет со екипаж на програмата Artemis, чија цел е враќање на човекот на Месечината, воспоставување долгорочно присуство и подготовка за идни мисии кон Марс. Оваа мисија претставува нова ера во вселенското истражување и значаен чекор кон иднината на човештвото во длабокиот вселенски простор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни