Срушен Гинисов рекорд: Живеел 100 дена во капсула под вода

Универзитетскиот професор Џозеф Дитури го сруши Гинисовиот рекор од 73 дена, два часа и 34 минути, кој е поставен во 2014 година како најдолг човечки живот под вода.

Д-р Џозеф Дитури го постави рекордот за најдолго живеење под вода, без намалување на притисокот, во капсулата „Џулс андерс“. Тој поминал 100 дена под вода за да дознае како тоа ќе влијае на неговото тело.

Зборувајќи за своето искуство под вода, д-р Дитури тврди дека никогаш не размислувал за поставување рекорд, туку размислувал како да докаже до каде се човековите граници на толеранција за живеење во ограничено и екстремно опкружување.

Откако се вратил на површината, лекарите ги прегледале неговите витални органи и ги измериле теломерите – ДНК секвенци кои се поврзани со краевите на хромозомите. Теломерите, најчесто, се смалуваат со текот на годините односно со стареењето, но оние кај д-р Дитури доживеале издолжување за 20 отсто во споредба со тоа што биле пред да биде потопен во март. Тој истакнал и дека сега има 10 пати повеќе матични клетки од пред експериментот.

Докторот се стекнал и со други корисни ефекти од престојот во морските длабочини. Тој сега има 60-66 отсто подлабок РЕМ сон во текот на ноќта, а холестеролот му се симнал на 72 поена.

Проектот „Нептун“ е долгорочна студија која се занимава со физиолошките и психолошките ефекти од притисокот на човековото тело. Покрај тоа има за цел да влијае и на истражувањата и важноста за зачувување на океаните.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни