И адвокатите на блокада: Наша должност е да го штитиме народот од злобната власт

На седницата на собранието на Адвокатската комора на Србија, српските адвокатите одлучија да ја прекинат работата на седум дена.

Ваквата одлука била донесена едногласно.

Адвокатот Владимир Бељански, претседател на Здружението на адвокатите на Војводина, рече дека по ова прашање постои единствен став на адвокатската фела.

На прашањето дали за седум дена ќе има нови предлози, Бељански рече дека за нов предлог потребно е ново Собрание.

„Собранието може да го свика и да го предложи која било комора или 20 отсто од делегатите од ова Собрание. Дали тоа ќе се случи ќе зависи од тоа што ќе се случува во Србија во следните седум дена, а ние соодветно ќе се претставиме“, додаде тој.

По седницата, говореше студентот од Ниш, Димитрије, кој го цитираше Радомир Лукиќ, познат професор по право: „Запомнете сега и до крајот на животот дека државата е монопол на силата и дека владее преку страв преку војската и полицијата, обвинителството, но често и судовите. Наша должност, како адвокати, е да го браниме народот од злобната власт, бидејќи целата власт е зла и перверзна“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни